Connect with us

Живот

Човек кој што посетил 103 земји советува каде да се патува и која земја да се одбегнува

Своето искуство го објавил на платформата Reddit, каде што отворил популарна AMA (Ask Me Anything) дискусија. „Патував во 103 земји поради работа и скоро цела година живеам од куфер. Доколку ве интересираат патувања, живот во странство или нешто слично – прашајте слободно“, напишал корисникот со псевдоним Boston_772.

Објаснил дека живее во Бостон само неколку недели годишно, додека остатокот од времето го минува на пат. Години постојани селидби, вели, му донеле „многу добри локации, чудни приказни и мали трикови за полесен живот кога никогаш не се задржуваш на едно место“.

Најубаво место: „Скриен бисер на Европа“

На прашањето која земја би ја препорачал на опуштен патник без строг план, без двоумење одговорил: Словенија.

„Тоа е едно од најпотценетите места во Европа. Многу е безбедна, цените се пристојни според европски стандарди и лесно се снаоѓаш. Има по нешто од сè: планини, езера, вински региони, пештери, замоци и мал дел од Јадранско Море“, рекол патникот.

Особено ја пофалил Љубљана како чист и мирен град, идеален за пешачење, без преголема туристичка гужва, а езерото Блед го нарекол „како сцена од бајка“. Дополнително, ги препорачал и големите градови во Ирска, како и Аранските Острови, но само за посета преку работна недела.

Најлошо искуство: „Единственото место каде што навистина се чувствував несигурно“

Кога станало збор за најлошото искуство, неговиот одговор бил дециден – Сомалија. „Кратко престојував во Могадишу заради деловна задача. Бев и на други опасни места, но ова… ова беше единственото место каде што од моментот кога слетав се чувствував реално загрозено“, признал.

Опишал силно воено присуство, кое наместо сигурност, предизвикувало непријатност. Бил предупреден „под никакви околности“ да не ја напушта зградата во која бил сместен.

„Беше тоа едно од ретките места каде што ги броев деновите до поаѓање“, рекол тој.

Од слетувањето бил следен од вооружена придружба, а движење на отворено било невозможно. „Тешко оклопени конвои со вооружени чувари“ го носеле до хотелскиот комплекс од кој не смеел да излезе дури ни за кратка прошетка или кафе.

Највознемирувачки момент за него била повремената пукање во далечина, која со време станала „позадинска бучава“ додека престојувал таму. Аеродромот во Могадишу го опишал како „најнапнатото место на кое некогаш бил во животот“.