Рецепти
Подгответе колач додека држите диета

Кога сте на диета благите работи треба да бидат целосно исклучени од вашата исхрана. Наместо тоа треба да јадете овошје, здрави маснотии и протеини.
Колачот има совршена комбинација на благ и кисел вкус поради малините кои се додаваат, а по желба малините можете да ги замените со јагоди, вишна, боровинки или било кое овошје кое го имате при рака.
Потребни состојки:
– 2 презреани банани
– 4 јајца
– Малини, јагоди или некое друго овошје по избор.
Начин на подготовка:
Бананите згмечете ги со виљушка, а јајцата изматете ги и измешајте ги со бананите. Тоа е целото тесто. Калапите за мафини малку премачкајте ги, па во секој додадете неколку малини. Потоа врз нив налејте го „тестото“ и печете на 190 степени околу 12 минути.
јули 27, 2025