Connect with us

Рецепти

Како да подготвите полнети лигњи

Потребни состојки:

– 8 средно големи лигњи

– 2 главици кромид, ситно сецкани

– 2 домати

– 100 гр средина од леб

– 100 мл млеко или супа

– 6 чешниња лук, ситно сецкани

– 1 јајце

– 1 китка магдонос

– малку капари

– 2 ловорови листови

– 1 гранче мајчина душичка

– 100 мл бело вино

– 4 лажици маслиново масло

– сол

– бибер

Начин на подготовка:
– Средината од лебот покиснете ја во млекото или супата.

– Исчистете ги лигњите. Исечете им ги краците и исецкајте ги ситно. Измешајте ги со сецканиот кромид и пропржете 5 минути на маслиново масло да добијат боја.

– Доматите кратко потопете ги во врела вода за да можете полесно да ги излупите. Исецкајте ги на коцкички. Додадете ги кај кромидот. Ставете сол и бибер и динстајте уште 10-тина минути. Тргнете ја тавата од рингла и оставете да се излади.

– Исцедете го лебот со рака и додадете го во горната смеса. Додадете уште 1 јаjце, мајчина душичка и половина од сецканиот лук.

– Со оваа смеса наполнете ги лигњите и затворете ги со чепкали за заби.

– Вака подготвените лигњи наредете ги во подмачкана со масло огноотпорна тава. Посипете ги со преостанатиот лук и додадете ги листовите ловор.

– Полијте ги лигњите со виното и 1/2 дцл врела вода.

– Покријте го огноотпорниот сад со алуминиумскла фолија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени 15-тина минути. Потоа извадете ја фолијата, превртете ги лигњите и печете уште 15 минути.

– Пред служење посипете ги со сецкан магдонос и капари. Одозгора полејте ги со малку маслиново масло.