Рецепти
Едноставен и најбрз рецепт за топло чоколадо

Потребни состојки:
30 грама црна чоколада
1 лажица какао
2 децилитри млеко
30 грама шеќер
Начин на подготовка:
Подгответе го така што во мало тенџере ќе промешате чоколадо, какао, 1 децилитар млеко и мешајте на тивок оган додека чоколадото да се стопи. Додадете го остатокот од млекото и сол и продолжете да мешате.
Додадете шеќер, а кога чоколадата ќе стане густа ставете ја во филџан. По желба топлата чоколада можете да ја декорирате со шлаг.
јули 27, 2025