Connect with us

Рецепти

Греано вино – идеален пијалок за зимските денови

Греано или варено вино е едно од најпрактикуваните пијалоци за време на зимските денови. Истото е лесно и брзо за подготовка а уживањето во него трае нешто подолго. 

Потребно состојки:

– 500 мл црно вино

– 200 мл вода

– 3 лажици шеќер

– половина лажичка цимет

– половина лажичка каранфилче

Начин на подготовка:

Во тенџере ставете 200 мл вода, додадете 3 лажици шеќер, половина лажичка цимет и половина лажичка каранфилче и оставете да проврие.

Кога ќе зоврие додадете 500 мл суво црно вино и штом ќе се згрее тргнете го од огнот.