Connect with us

Рецепти

Вкусни брускети со зеленчук

Начин на подготовка:

Тиквичките убаво измијте ги,исечете ги на коцки, а пиперките исчистете ги па и нив исечете ги на коцки.

На загреан путер запржете ги тиквичките, додадете малку вегета потоа налејте вино и се кусо гответе. Потоа додадете ја ренданата кора од лимон и се добро измешајте. Доматите исчистете ги од семето и исечете ги на коцки.

Во широка тава на загреано масло запржете ги пиперките, Додате ги исечканите домати,остатокот од вегетата и гответе на тивок оган се додека пиперките не омекнат.

Кришките од францускиот леб пропржете ги во тефлонска тава и премачкате ги со згмечен лук. На секоја кришка леб ставете топол зеленчук и веднаш послужете.

Совет: Зеленчукот приготвен на овој начин можете да го чувате во ладилник 3-4 дена.

Потребни состојки:

400 гр тиквички

800 гр свежи пиперки

50 мл бело вино

20 гр путер

200 гр свежи домати

1 лажичка рендана кора од лимон

1 лажичка сок од лимон

1 лажица вегета

1 лажица сечкан магдонос

8 кришки француски леб

2 чешниња лук

100 гр фета сирење

масло за пржење

Време за подготовка: 45 минути.