Connect with us

Рецепти

Бурек ролнички


Потребно состојки:

1 пакување (500 гр) готови кори за пита, 350 гр мелено месо, 2 компира, 1 главица кромид, 1 чешне лук, 50-100 мл масло, сол, бибер.

Начин на подготовка:

Во еден сад измешајте ги меленото месо, ситно сецканиот кромид и лук и компирите исецкани на мали коцки. Во тава на загреано масло испржете ја смесата со мелено месо и компири околу 5 минути.

Ставете една кора, премачкајте ја со масло и одозгора ставете втора кора и исто премачкајте ја со масло. Ставете неколку лажици од смесата со месо на едниот крај на корите. Завиткајте ја кората како ролат точно до половина. Од другата страна исто ставете од филот со месо и повторно завиткајте до половина.

Со нож исечете ги корите по средината. Наредете ги во намастена тава и одозгора премачкајте ги со масло.

Ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени. По 15 минути од печењето полијте ги ролничките со малку вода и вратете ги да се допечат 10-15 минути или додека убаво не поруменат.