Рецепти
Брзи кифлички за доручек

Топли, меки и вкусни кифлички идеални за доручек. Времетраењето на подготовката на кифличките е околу 15 минути.
Потребни состојки:
– 600 гр. брашно
– 1 прашок за пециво
– 1 лажиче сол
– 100 мл. масло
– 200 гр. кисело млеко
– 200 мл. топло млеко
– 1 сув квасец
– 1 лажица шеќер
– 1 јајце и сусам за одозгора
Начин на подготовка:
– Се меша брашното со прашок за пециво и сол, се додава масло и кисело млеко.
– Се меша убаво сместа.
– Се мешаат посебно млекото со сувиот квасец и шеќер, па се ставаат во готовата смеса.
– Се меси тесто и се дели на 4 дела, па се развлекуваат малку деловите, се сечат триголници и се виткаат кифлички.
– Премачкајте ги со јајце разматено и сусам по желба.
– Се оставаат на премачкан плех и се печат 15 минути на 180 степени.
јули 27, 2025