Connect with us

Фудбал

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ го напушти Милан

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ го напушти италијанскиот клуб Милан, официјално објави клубот.

Јовиќ (27) пристигна во Милан од Фиорентина на почетокот на 2023 година. Тој постигна 13 гола за гигантот од Милано.

И покрај извештаите дека постоела опција Лука Јовиќ да го обнови договорот, тоа не се случи и Србинот заминува како слободен агент.

-Ви благодариме, Лука! Ти посакуваме се најдобро во твојата идна кариера, споделија од клубот на социјалните платформи.