Поради непочитување на ковид-мерките затворени два угостителски објекти во Кочанско
Полициски службеници од ОВР Кочани вчера во 18.35 часот извршиле контрола на угостителски објект во село Облешево, при што биле затекнати неколку лица и сопственикот и било констатирано непочитување на мерките на Владата за справување со пандемијата со Ковид-19, односно не било почитувано работното време, инфромира МВР.