Во тек се активности за целосно оградување на дворот на училиштето „Св.Климент Охридски“ во Делчево за да се зголеми безбедноста на учениците зашто се наоѓа во близина на регионален пат по кој секојдневно поминуваат голем број на возила.
Од деветолетката информираа дека дворот досега не е ограден и се случувало ученици да поминуваат на патот, со што им беше загрозена безбедноста. Со реконструкцијата ќе се подобри безбедноста на учениците, а ќе се разубави и архитектонскиот израз на училиштето, велат од училиштето.
Задоволни се како помина првото полугодие на наставата – онлајн и со физичко присуство и од тоа што немало проблеми и во однос на КОВИД-19.