НБА лигашот Далас го избра Купер Флег како прв пик на драфтот во 2025 година.

„Чувството е неверојатно. Ова е сон што стана реалност и пресреќен сум што можам да го споделам со моето семејство“, рече Флег, кој доаѓа од престижниот универзитет Дјук, каде имаше просек од 19,2 поени, 7,5 скокови, 4,2 асистенции и по 1,4 украдени топки и блокади.

Далас е во процес на реконструкција на тимот, откако минатата сезона ги шокираше навивачите со размената на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс, а потоа имаше помалку од два отсто шанси да го добие првиот избор на драфтот.

Сан Антонио го избра Дилан Харпер од Рутгерс, син на поранешниот НБА играч Рон Харпер, како втор избор, додека Филаделфија се одлучи за В.Џ. Еџкомб од Бејлор како трет избор на драфтот.

Втората рунда од драфтот ќе се одржи ноќта помеѓу четврток и петок.