Беровската библиотека „Народна просвета“, која работи во состав на Домот на културата „Димитар Беровски“, ги прогласи најдобрите читатели за 2020 година и на најредовните им додели награди и пофалници.

За читатели на годината се прогласени Петар Ружински и Зорица Ризовска, кои според статистиката на Библиотеката во изминатата година имаат најмногу позајмени книги.

Во знак на благодарност им се доделени пофалници и книги, истакна Звонко Скендерски од Библиотеката, порачувајќи читателите да продолжат да читаат, а дека установата ќе набавува нови наслови за да ги услужува.

Матичната народна библиотека „Народна просвета“ во Берово е формирана во 1948 година и располага со над 50 000 книги. Поради пандемијата со Ковид-19, библиотеката годинава имаше помалку настани од предвиденото.