За учество на националниот натпревар од Европскиот квиз на парите пријавени 174 одделенија
За учество на националниот натпревар во рамките на Европскиот квиз на парите, чија цел е финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години, оваа година се пријавени 174 одделенија, односно класови од 72 основни и средни училишта од нашата земја.