Водостојот на речиси сите реки во земјава денеска е намален во однос на вчерашниот ден, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

За пет сантиметри е намален водостојот на Вардар кај Скопје и Велес, за осум сантиметри на Црна Река кај Новаци, а кај останатите реки за два до три сантиметри.

Кај езерата, водостојот на Преспанското езеро го има надминато асполутниот минимум за 22 сантиметра.


Администратор
26/02/2021 11:09