Connect with us

Свет

Претседателски избори во Перу, девети по ред во изминатите 10 години

Перуанците гласаат за својот деветти претседател во услови на растечка несигурност и широко распространета недоверба кон политичката класа.

На најновите анкети, ниту еден од 35-те кандидати, што е рекорден број, нема да освои повеќе од 15 проценти, па затоа се очекува втор круг избори. Тоа се деветти избори за претседател во изминатите 10 години.

Над 27 милиони лица имаат право на глас на изборите за претседател и членовите на парламентот.

Со осум претседатели од 2016 година, од кои половина се сменети, политичарите страдаат од длабока дискредитација поради корупциски скандали.

Минатата недела, 16 проценти од гласачите рекоа дека сè уште се неодлучни, а 11 проценти размислуваат да не гласаат за ниту еден од кандидатите.

Аналитичарите оценија дека кампањата на кандидатите била површна, повеќе емотивна и водена од импулсивни изјави отколку ориентирана кон политички програми.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1