Connect with us

Свет

Фон дер Лајен смета дека Унгарија се вратила на европскиот пат

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен меѓу првите му честиташе на Петар Маѓар на изборната победа во Унгарија. 

– Унгарија ја одбра Европа. А Европа секогаш ја одбираше Унгарија. Земјата се врати на европскиот пат. Унијата стана посилна. Европското срце денеска чука посилно во Унгарија, напиша Фон дер Лајен на социјалните мрежи, на унгарски.

Европската Комисија нескриено навиваше против Владата на Виктор Орбан и за смена на власта во Унгарија, за што во изминатите недели беше прозвана и од американските власти.

ЕУ ускратуваше средства што и следуваат на Унгарија и ја казни земјата со милион евра дневно поради одбивањето да прими мигранти од другите членки на ЕУ, а за возврат Орбан го блокираше упатувањето финансиски средства на ЕУ за војната во Украина.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3