Кошарка
Димитријевиќ најдобар против својот поранешен клуб од Евролигата
Македонскиот кошаркарски интернационалец во дресот на Баерн, Ненад Димитријевиќ беше најдобар поединец во победата против поранешниот клуб Милано. Баерн синоќа славеше победа 94:84, а Димитријевиќ имаше индекс на поени – 21 и постигнати 15 поени, 4 скокови и 4 асистенции. Ова за неговиот тим беше четврта победа во серија, а најефикасен беше Андреас Обст со 19 поени. Решавачка за победата беше втората четвртина, која кошаркарите на Баерн ја добија со 32:14.
На другите дуели од 37.коло одиграни синоќа беа постигнати следниве резултати: Хапоел Тел Авив – Олимпијакос 85:89, Фенербахче – Реал Мадрид 69:74, Валенсија – Панатинаикос 102:84, Париз – Макаби 113:80.
Вечерва ќе биде комплетирана оваа рунда со натпреварите: Монако – Барселона, Дубаи – Анадолу Ефес, Партизан – Жалгирис, Виртус – Басконија и Асвел – Црвена Звезда.
април 11, 2026

