Општини
Тоневски: Општина Пробиштип обезбеди бесплатни ортопедски прегледи за децата
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, информираше дека е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општината и ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“, со кој се обезбедува значајна поддршка за најмладите во општината.
Со меморандумот се овозможува ангажирање на специјалист ортопед кој ќе врши бесплатни прегледи на бебиња, мали деца и ученици во основните училишта. Целта на оваа иницијатива е навремено откривање и превенција на евентуални ортопедски состојби кај децата, како и обезбедување квалитетна и достапна здравствена грижа за сите.
Првиот термин за бесплатни прегледи е закажан за 18 април 2026 година.
За закажување на термин, граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 078/291-585, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.
Тоневски посочи дека Општина Пробиштип ќе продолжи со реализација на конкретни мерки и проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните.
април 8, 2026

