Connect with us

Свет

Пезешкијан: Прекинот на огнот во Иран е плод на крвта на покојниот ајатолах Али Хамнеи

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан денеска изјави дека прекинот на огнот е „плод на крвта“ на покојниот ајатолах Али Хамнеи.

– Прекинот на огнот, со прифаќање на општите принципи што ги сакаше Иран, е плод на крвта на нашиот голем маченички лидер Хамнеи и постигнување на присуство на сите луѓе на самото место. Од денеска па натаму, ние ќе останеме заедно. Без разлика дали е во областа на дипломатијата, дали е во областа на одбраната, дали е на улица, дали е во арената на обезбедување услуги, објави Пезешкијан на Икс.

Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф утрово соопшти дека Иран, САД и нивните сојузници договорија прекин на огнот, што стапува во сила веднаш и ги опфаќа сите зони на судирот.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи беше убиен на 28 февруари, на првиот ден од американско-израелскиот напад врз Иран. Актуелен ајатолах е неговиот син Моџтаба.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1