Свет
Песков: Примирјето во Иран би можело да отвори простор за нови разговори за Украина
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска го поздрави двонеделното примирје на Блискиор Исток истакнувајќи оти Русија се надева дека САД ќе имаат време и простор да ги продолжат тристраните мировни преговори за Украина.
-Ја поздравуваме одлуката да не се оди по патот на вооружена ескалација… Се надеваме дека во блиска иднина (САД) ќе имаат повеќе време и повеќе можност за состанок во трилатерален формат – посочи Песков алудирајќи на разговорите помеѓу Русија, Украина и САД.
Русија претходно соопшти дека мировните преговори за Украина се на пауза поради војната на Блискиот Исток.
април 8, 2026

