Connect with us

Вести

Ленче Ристовска и официјално не е повеќе јавен обвинител, Советот на јавните обвинители го усвои нејзиното барање

Советот на јавни обвинители на денешната четириесет и втората седница го усвои барањето на Ленче Ристоска за престанок на функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје.

Претседателот на Советот Башким Бесими информираше дека Ристоска на 2 април, годинава поднела барање за престанок на функцијата јавен обвинител по сопствено барање.

-Овде нема расправа, констатирам дека е усвоено барањето за престанок на функцијата на Ленче Ристоска – изјави Бесими.

Советот претходно донесе одлука за продолжување на функцијата на Кети Петкова додека и трае мандатот како член на Советот до 26 јули 2027 година.

На денешната седница, Советот ја разгледа и едногласно ја прифати писмената изјава за продолжување на вршењето функцијата согласно законот за работни односи на членот на Советот Кети Петкова.

Претседателот на Советот Бесими информираше дека на 26 март годинава добиле одговор од Собрание со кое го известува Советот дека согласно Законот за совет на ЈО Советот може да и го продолжи мандатот.

Светлана Стојковиќ, изјави дека колешка Петкова на 15 август годинава ги испопнува условите за старосна пензија, а согласно закон има право да побара продолжување на функцијата додека и трае мандатот до 26 јули 2027 година.

Петкова, согласно законот, се иззема од оваа точка и не учествуваше во расправата.

Советот, на денешната седница, едногласно донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје за јавниот обвинител Јулијана Мишевска поради исполнување услови за старосна пензија.

Прашан како ги коментира причините за оставката на Ристоска, Бесими во изјава за медиумите по седницата, посочи дека нема да коментира никакви причини, бидејќи согласно закон Советот само констатира престанок на функцијата.

-Тоа е нејзина одлука што мисли така. Ние само констатираме оставка. Не коментирам изјави на колешката… Согласно закон има право во секое време, секој обвинител да поднесе барање за повлекување, ние само констатираме – изјави Бесими.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1