Connect with us

Свет

Иран и Оман ќе наплаќаат за премин на бродовите низ Ормускиот теснец за време на примирјето

Двонеделниот план за прекин на огнот меѓу САД и Иран предвидува Иран и Оман да наплаќаат такси за премин на бродовите низ Ормускиот теснец, тесниот влез во Персискиот Залив, изјави денеска регионален функционер вклучен во преговорите.

Според неговите наводи, Иран планира собраните средства да ги искористи за обнова по конфликтот, додека не е познато за кои цели Оман ќе ги насочи приходите од таксите.

Ормускиот теснец се наоѓа во територијалните води на Иран и на Оман, но меѓународната заедница досега го сметаше овој премин за меѓународен пловен пат низ кој бродовите се движат слободно, без плаќање такси.

Функционерот, кој бил директно вклучен во преговорите за примирјето, зборувал под услов на анонимност како би можел да изнесе детали од разговорите водени зад затворени врати.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4