Свет
Хезболах ги прекинува нападите како дел од примирјето меѓу САД и Иран
Либанското движење Хезболах рано утринава ги прекина нападите врз северен Израел и израелските трупи во Либан како дел од примирјето меѓу САД и Иран, изјавија три извора блиски до групата, пренесени од британските медиуми.
Израел продолжи со воените операции во јужен Либан и издаде нова наредба за евакуација на еден град, најавувајќи можни идни напади.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека двонеделното примирје меѓу САД и Иран не го вклучува Либан.
Се очекува Хезболах наскоро да издаде официјално соопштение во врска со својот став за прекинот на огнот и тврдењето на Нетанјаху дека Либан не е вклучен, велат изворите.
април 8, 2026

