Фудбал
Баерн го победи Реал, Арсенал поуспешен од Спортинг
Баерн Минхен го победи Реал Мадрид со 2:1 синоќа на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот се одигра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
Гостите го отворија резултатот со голот на Луис Дијаз кон крајот на првото полувреме. Хари Кејн го дуплираше водството во 46. минута. Домаќините намалија во 74. минута преку Килијан Мбапе.
Реваншот ќе се одржи на 15 април на „Алијанц Арена“ во Минхен.
На вториот синоќешен дуел во елитната фудбалска лига, Арсенал го победи Спортинг Лисабон со 1:0. Натпреварот се одигра на стадионот „Хозе Алваладе“ во Лисабон.
Каи Хаверц постигна гол во 90+1 минута. Германскиот напаѓач влезе на теренот во 70. минута. Претходно во второто полувреме, голот на играчот од средниот ред на „топџиите“, Мартин Зубименди, беше поништен поради офсајд.
Реваншот ќе се одржи на 15 април на стадионот „Емирати“ во Лондон.
Вечер играат:
Барселона – Атлетико Мадрид
ПСЖ – Ливерпул.


