Connect with us

Свет

„Аксиос“: Како Хамнеи го постигна двонеделното примирје со Трамп

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хаменеи, им дал инструкции на своите преговарачи да постигнат договор со САД, што резултира со двонеделно примирје и повторно отворање на Ормускиот теснец, објави американскиот политички портал „Аксиос“, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите.

Како што се наведува во анализата на „Аксиос“, додека американскиот претседател Доналд Трамп јавно се закануваше со целосно уништување на Иран, зад сцената се водела интензивна дипломатска активност.

Американските и израелските сили биле подготвени за масивна кампања на бомбардирање на иранската инфраструктура, во мигови кога посредници од Пакистан, Египет и Турција координирале измени на иранските предлози.

Врховниот лидер Хаменеи активно учествувал во процесот. Тој комуницирал преку курири поради заканата од атентат, а неговото „зелено светло“ овозможило постигнување на договорот. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, играл „клучна улога“ во водењето на преговорите и во убедувањето на раководството на Исламската револуционерна гарда да се прифати договорот.

По разговорите со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и пакистанскиот армиски маршал Асим Мунир, Трамп го прифатил двонеделното примирје. Американските сили добиле наредба за повлекување 15 минути по објавата.

Договорот предвидува отворање на Ормускиот теснец за бродови во координација со иранските сили, но остануваат нејасни деталите за обемот на бродскиот сообраќај и колку израелскиот премиер ќе се придржува кон прекинот на огнот.

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, треба да ја предводи американската делегација на следните разговори во Пакистан најавени за в петок. Се уште постојат значајни разлики меѓу американската и иранската визија за долгорочен договор, што остава можност за продолжување на конфликтот.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1