Connect with us

Фудбал

Алегри: Во моментов не сме во трката за Скудетото, нашата цел е пласман во ЛШ

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, смета дека неговиот тим е далеку од трофејот во Серија А.

Милан синоќа на гостински терен загуби од Наполи со 1:0 во дербито на 31. коло.

– Беше натпревар со малку шанси за гол, па сметавме дека една шанса може да биде одлучувачка. Наполи ја искористи својата шанса. Ние не издржавме иако нашата одбрана беше солидна. Требаше да ги завршиме нападите малку побрзо во второто полувреме, но се двоумевме и му дозволивме на противникот да нè блокира. Фудбалот е составен од вакви ситуации, а целиот тим играше доста добро. Во првото полувреме му дозволивме на Спинацола еден удар што не требаше да го дозволиме, а потоа имавме проблеми со неколку контранапади. Мислам дека ја вративме играта на нивната половина, но нашите додавања беа неточни, а таа неточност е клучна. Апсолутно треба да се подобриме, сè уште имаме уште многу работа за да ја постигнеме нашата цел да се квалификуваме за Лигата на шампионите. Скудетото е далеку за нас во овој момент, изјави Алегри за „DAZN“.

Даде објаснување за изоставувањето од почетниот состав на двајцата клучни играчи во нападот.

– Формацијата 4-3-3 е нешто што би можеле да го пробаме од самиот почеток, но зависи од нашата физичка подготвеност. Пулишиќ се врати од репрезентативните обврски во петокот, додека Леао е надвор од игра две недели и заврши само два тренинзи. Тој  започна сезоната добро, но за жал го мачат низа повреди, додаде Алегри.

Милан со 63 бода по 31 натпревар е трет на табелата во Серија А. Лидер е Интер со 72 бода. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1