Connect with us

Вести

Повеќе од 100 вработени во РЕК Битола добиле труење од храна, кујната затворена

Санитарната инспекција привремено ја затвори кујната во РЕК „Битола“, а работниците од синоќа и денеска добиваат сув ладен оброк – информираа од комбинатот.

Одлуката на санитарната инспекција доаѓа по вчерашната појава на здравствени проблеми, стомачни тегоби, кај работници на РЕК „Битола“, кои јаделе лазања со сос.

Во текот на вчерашниот ден до 15 часот беа регистрирани 81 преглед во Инфективното одделение на ЈЗУ Клиничка болница – Битола, а ноќеска и претпладнево лекарска помош побарале уште 30 лица.

Со кујната во РЕК „Битола“ управува хотелот „Молика“, од каде што потврдија дека здравствениот проблем е изолиран случај бидејќи секојдневно од кујната на хотелот за работниците во РЕК „Битола“ се испорачуваат приближно 1.600 порции храна, а здравствен проблем е регистриран само кај одредени работници со лесна клиничка слика.

Извештајот на санитарната инспекција ќе биде познат за 72 часа, потврдија од РЕК „Битола“. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 3