Connect with us

Општини

Асфалтирање улици во охридските приградски населби Горно и Долно Лакочереј

Општина Охрид денеска започна со реализација на градежните активности за асфалтирање на улици во населените места Горно и Долно Лакочереј, во рамки на проектот за изградба на примарна канализациска мрежа.

Како што појасни градоначалникот Кирил Пецаков на својот профил на социјалните мрежи, се работи за асфалтирање на улична мрежа со вкупна должина од 700 метри и ширина од 4,5 метри.

-Се поставуваат два слоја асфалт (7 + 5 см), согласно проектната документација. Со реализацијата на овој проект се подобрува инфраструктурата за жителите во овие населени места, вели Пецаков.

Вредноста на инвестицијата за асфалтирањето изнесува осум милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1