Connect with us

Свет

Саливан: САД и Израел имаат различни цели во Иран

Советникот за национална безбедност на поранешниот американски претседател Џо Бајден, Џејк Саливан изјави дека САД и Израел имаат различни цели во Иран.

– Израел едноставно сака да го скрши Иран и да предизвика хаос, сметајќи дека уништен Иран би бил помала закана за земјата. Но, САД не можат така да размислуваат. Уништен Иран значи уништена глобална економија бидејќи тие и понатаму се закануваат на Ормуска Теснина. Тоа значи потенцијален бран бегалци, како што видовме по војната во Сирија во Европа. Тоа значи многу повеќе, наведе Саливан.

Според него, пропуштена е можноста за деескалација и за дипломатски решенија, со што би можело да се спречи влошување на ситуацијата.

– Само неколку дена пред да почнеме да го бомбардираме Иран, Иранците презентираа предлог во Женева, што во голема мера придонесе за решавање на нуклеарниот проблем, посочи Саливан. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 3