Хроника
Во Србија приведен македонски возач на камион кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
Државјанин на Македонија Н.К. (33) е приведен под сомнение дека синоќа усмртил 57-годишен пешак додека возел камион на автопатот кај Грделица, а потоа го напуштил местото на несреќата, соопшти денеска полицијата во Лесковац.
Пешакот им подлегнал на повредите на самото место, а полицијата го идентификувала осомничениот, кој подоцна бил пронајден и приведен на подрачјето на Сремска Митровица.
Со наредба на Основното јавно обвинителство во Лесковац, осомничениот е приведен до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежниот обвинител со кривична пријава.
Возачот е обвинет за сторени кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај и неукажување помош на повредено лице во сообраќајна несреќа.


