Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Поголеми дилетанти од СДС, Заев и Филипче нема, нека одговорат зошто ја зголемуваа акцизата три пати во нивно владеење за сега да бараат да се намали?

Луѓе како Заев и Филипче, кои немаат кредибилитет и легитимитет во државата да говорат за мерки, проекти или пак да дадат совети за некоја политика, се најгласни во опозиција, а на власт кога беа повеќе крадеа него било што друго.

Поголеми дилетанти како СДС, Заев и Филипче во историјата на Македонија немало. Три пати додека беа на власт ја зголемуваа акцизата, а да се потсетиме и дека сакаа да воведат и еколошка такса со која дополнително ќе се зголемеа цените на горивата. Дополнително, лицемерно е тоа што како власт тие го зголемија ДДВ-то за голем број прехранбени производи за денес да бараат намалување.

Исто така, оваа година да ја потсетиме јавноста, дека враќаме долгови кои се наталожени од власта на СДС, Заев и Филипче во висина од 2.5 милијарди евра.

За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ работи транспарентно и чесно. Цената на горивата во Македонија со интервенција на Владата и заложбите на претседателот Мицкоски се останати исти како и минатата недела, додека во сите држави во регионот и пошироко се зголемени неколкукратно.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1