Connect with us

Архива

Судење за „Пулс“: Одбраната не прифати повлекување на поголем дел од сведоците на Обвинителството

Судската постапка за пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе продолжи со повикување и сослушување на преостанатите сведоци откога одбраната на денешното рочиште во судницата во „Идризово“ не се согласи со предлогот на Јавното обвинителство за нивно помасовно повлекување од листата за испитување.

Ваквата одлука на одбраната значи дека во следниот период ќе треба да се одржат повеќе рочишта за да се исцрпи листата на сведоци што треба да дадат исказ пред судот.

Откога сите бранители се произнесоа по однос на предлогот на Обвинителството, судот констатира дека е постигната согласност за повлекување на сослушувањето на само шест лица, меѓу кои  Ана Карова, Трајче Трајчов, Ангелчо Ангелков, Мартин Јосифов и Љупчо Димитровски.

За другите предложени сведоци судот донесе решение дека ќе бидат редовно повикани да бидат сослушани, со оглед на тоа што одбраната одби да даде согласност за нивно повлекување. 

На претходното рочиште Јавното обвинителство им достави список на сите обвинети со сведоци за кои предлага да бидат повлечени од постапката, со образложение дека околностите се веќе утврдени преку сведочењето на претходните сведоци. 

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Во него загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4