Свет
Суд во Берлин осуди четворица мажи на затворски казни, набавувале оружје за Хамас
Суд во Берлин денеска осуди четворица мажи, членови на Хамас, на затворски казни од четири и пол до шест години за набавка на оружје за палестинската милитантна група, јави ДПА.
Судот утврди дека обвинетите, на возраст меѓу 36 и 58 години, дејствувале како „странски оперативци“ одговорни за складиштата за оружје на палестинската милитантна група во неколку европски земји, вклучувајќи ги Полска, Бугарија и Данска.
Мажите беа обвинети за поставување подземни складишта за оружје за потенцијална употреба во напади врз израелски и еврејски објекти во Европа во подолг период, пренесува германската агенција.
Во обвинението се наведени и можните цели, меѓу кои се израелската амбасада во Берлин, американската воздухопловна база „Рамштајн“ во Германија и областа околу напуштениот аеродром „Темпелхоф“ во Берлин.
Мажите беа приведени во декември 2023 година. Двајца се родени во Либан, еден е египетски државјанин, а другиот е холандски државјанин, потсетува ДПА.
март 25, 2026

