Connect with us

Вести

МОМЗ: Обвинувањата на ДУИ се неосновани, не станува збор за дискриминација, туку за законски донесени акти за престанок на работен однос

Обвинувањата изнесени од Демократска унија за интеграција (ДУИ) се неосновани и не ја одразуваат фактичката состојба, имајќи предвид дека Министерството за односи меѓу заедниците постапува исклучиво согласно Уставот, законите и подзаконските акти, почитувајќи ги принципите на законитост, еднаквост и недискриминација, велат од Кабниетот на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.

Во реакција на денешното соопштение на ДУИ посочуваат дека не станува збор за дискриминација, ниту за селективно или политички мотивирано постапување, туку за законски донесени акти за престанок на работен однос на административни службеници, поради утврдено кршење на работниот ред, дисциплина и нарушување на угледот на Министерството, во согласност со важечките законски и подзаконски прописи.

-Министерството постапува исклучиво согласно Уставот на РС Македонија, Законот за организација и работа на органите на државната управа, Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за работни односи, Етичкиот кодекс на Министерството за односи меѓу заедниците, како и другите релевантни прописи, почитувајќи ги принципите на еднаквост, недискриминација, законитост и правична застапеност. Обидот постапката да се прикаже како меѓуетничко или политичко прашање е целосно неоснован и претставува обид за груба манипулација со јавноста, што не придонесува за заштита на меѓуетничките односи, туку напротив, создава непотребни тензии и ја нарушува довербата во институциите, велат од Кабинетот на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2