Вести
МЕРМС: На 29 март 2026 почнува летното сметање на времето
В недела, 29 март, во 2 часот по полноќ, почнува летното сметање на времето, што ќе трае до 25 октомври 2026 година во 3 часот – информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).
– Владата донесе одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, објавена во „Службен весник на Македонија“ бр. 58 од 19 март 2026 година. Во согласност со донесената одлука, летното сметање на времето почнува на 29 март 2026 година во 2 часот со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, односно времето од 2 часот се смета како 3 часот – соопшти МЕРМС.
Во соопштението се нагласува дека летното сметање на времето завршува на 25 октомври 2026 година во 3 часот со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 3 часот се смета како 2 часот.
– Донесувањето на оваа одлука е во согласност со утврдената годишна практика за регулирање на сметањето на времето, како и со обврските за усогласување со европската регулатива во оваа област – посочуваат од МЕРМС.
март 25, 2026

