Connect with us

Свет

Иран ги ублажува правилата за транзит низ Ормуската Теснина

Иран ги ублажува ограничувањата за транзит низ Ормуската Теснина наведувајќи дека бродови што не се сметаат за непријателски и не поддржуваат воени дејства против Техеран ќе може да поминуваат – соопшти иранската мисија во Обединетите нации.

Бродовите ќе мора да ги почитуваат иранските безбедносни прописи и да ја координираат пловидбата со надлежните власти, се додава во соопштението.

Ормуската Теснина стана жариште во актуелната војна меѓу САД, Израел и Иран. Техеран повеќепати напаѓаше бродови во овој воден пат, практично блокирајќи една од клучните рути за глобалното снабдување со нафта и гас.

Тесниот премин меѓу Иран и Оман е единствената врска меѓу Персискиот Залив и светските океани и се смета за една од најважните поморски рути, низ која вообичаено поминуваат речиси 20 проценти од светските резерви на нафта.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4