Connect with us

Скопје

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска на увид: Се градат „Новопланирана улица-2“ и „Пристапна улица-2“ во Расадник

 Во населбата Расадник во Општина Кисела Вода во тек се градежни активности за изградба на две нови сообраќајници – „Новопланирана улица-2“ и „Пристапна улица-2“. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид на терен, при што беше истакнато дека новата инфраструктура ќе донесе значително подобрување на безбедноста и сообраќајната поврзаност во овој дел од општината, соопштуваат од Општина Кисела Вода. 

Според техничката спецификација, како што пренесуваат оттаму, се поставува двослоен асфалтен коловоз на вкупна површина од 1.600 квадратни метри, ограничен со рабници од двете страни.

Истовремено, за поголема безбедност на пешаците, предвидено е поплочување на 460 квадратни метри тротоарски површини. Со цел трајно и ефикасно справување со атмосферските води, проектот вклучува нивно прифаќање преку постоечките сливници, но и изведба на нови повпивателни сливници кои ќе го штитат коловозот при обилни врнежи.

-Со изградбата Новопланирана улица-2“ и „Пристапна улица-2“, во Расадник, градиме нови 1.600 квадрати асфалтно поврзување односно создаваме модерна и безбедна патна инфраструктура. Допонително, со правилно решавање на атмосферските води и квалитетно изведени коловози, директно влијаеме на подигнување на квалитетот на живеење и обезбедуваме побрза и посигурна комуникација за сите наши сограѓани. Продолжуваме со силно темпо, бидејќи вложувањето во инфраструктурата е инвестиција во иднината на Кисела Вода- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1