Connect with us

Свет

Француски генерал: САД станаа непредвидлив сојузник, тоа влијае и врз нашите интереси

Началникот на француската армија Фабиен Мандон изјави дека САД станале непредвидлив сојузник, што влијае врз француските интереси и безбедност.

„Изненадени сме од американскиот сојузник, кој и натаму останува сојузник, но станува сѐ понепредвидлив и веќе не се ни обидува да нè информира кога одлучува да поведе воени операции. Тоа има влијание врз нашата безбедност и врз нашите интереси“, изјави Мандон на безбедносен и одбранбен форум во Париз.

Франција и САД се блиски сојузници во рамките на НАТО, но во Париз расте незадоволството поради одлуката на Вашингтон да почне војна против Иран на Блискиот Исток дотолку повеќе што американскиот претседател Доналд Трамп веќе предизвика незадоволство кај европските сојузници со неговите планови поврзани со Гренланд.

Трамп исто така ги критикува сојузниците дека не се подготвени активно да учествуваат во операциите за обезбедување на Ормуската Теснина, стратешки клучен премин низ кој поминува речиси една петтина од светските испораки нафта и како таков важен фактор за економиите на земјите од Персискиот Залив.

„Интервениравме во Авганистан на барање на Американците, кои се повикаа на членот 5 од НАТО, а потоа решија да се повлечат без да не информираат“, истакна Мандон.

„Сега решија да интервенираат на Блискиот Исток, без да нè информираат. Наш приоритет беше да најдеме решенија за заштита на француските граѓани, кои транзитираа преку тој регион“, додаде тој.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3