Connect with us

Свет

Свикан состанок на Советот за национална одбрана и безбедност на Франција

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, свика нов состанок на Советот за национална одбрана и безбедност, на кој ќе се разгледува ситуацијата во Иран и поширокиот регион на Блискиот Исток.

Информацијата на објавија француски портали повикувајќи се на извори во Елисејската палата.

Инаку, ова е петти состанок на Советот за национална одбрана и безбедност на Франција од почетокот на израелско-американскиот воен ангажман во Иран, кој почна пред 25 дена.

Советот заседаваше на 28 февруари, како и на 1, 2, 10 и 17 март.

Состанокот е закажан за попладнево со почеток од 17.30 часот по локално време. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 2