Connect with us

Хроника

Шест лица приведени во СВР Куманово, организирале борба на кучиња

Шест лица се приведени во полицијата, бидејќи организирале борба на кучиња на подрачјето на Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.

Вчера во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Р.(34), А.М.(31), А.М.(27), Ј.К.(38), сите од тетовско, С.А.(40) од с. Черкезе, кумановско и Н.М.(62) од Гостивар затоа што на подрачјето на Куманово организирале борба на кучиња.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосното документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4