Connect with us

Вести

Ревизија во ДИК за 2024 година – утврдени неправилности и системски слабости

Државниот завод за ревизија направил ревизија на работата на Државната изборна комисија (ДИК) за 2024 година, при што констатирал неправилности и утврдил системски слабости.

При ревизијата било утврдено дека пописот на средствата и обврските не е извршен на начин пропишан со законските и подзаконските акти, дека не била извршена процена на вредноста на дел од недвижностите, како и дека планирањето и одобрувањето на средствата за спроведување на изборите во 2024 година не се вршеле во согласност со законски утврдениот сооднос.

Државниот завод за ревизија утврдил и ненавремено и некомплетно доставување на потребната документација за трошоците за спроведените изборни дејства на изборните органи, набавка на стоки и услуги за кои не е спроведена јавна набавка, како и недоследна примена на одредбите од Законот за јавните набавки во одредени постапки.

Како системски слабости ДЗР во извештајот ги наведува усогласувањето на законите, кои ги уредуваат оданочувањето на изборните активности и преиспитувањето на начинот на распределба на средства за платено политичко рекламирање на учесниците во изборните кампањи.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2