Connect with us

Култура

Љутков од Анкара: Се продлабочуваат партнерството и соработката во културата и туризмот меѓу Македонија и Турција

Потврдени традиционално добрите културни врски меѓу двете земји, како и заедничките заложби за нивно понатамошно унапредување, особено во насока на стабилен и просперитетен регион на билатералната средба на министерот за култура и туризам Зоран Љутков со турскиот колега, министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој.

Како што соопштија од Министерството за култура и туризам, на средбата што се одржала вчера била нагласена подготвеноста за продлабочување на соработката во областа на културата и туризмот преку реализација на заеднички проекти, вклучително и дигитализација на културното наследство, развој на креативните индустрии, копродукции, како и унапредување на културниот туризам.

Министрите разговарале за конкретни чекори за зголемување на бројот на турски туристи во Македонија, како и за можностите за привлекување инвеститори од Турција за развој на туристичката инфраструктура.

Соговорниците се договориле во периодот што следува да работат на конкретни заеднички проекти, со цел дополнително зацврстување на пријателството и партнерството меѓу двете земји.

Министерот Љутков, кој престојува во дводневна посета на Турција, упатил отворена покана до својот колега, министерот Ерсој, набргу да ја посети Македонија.

На средбата присуствувале и националниот координатор за туризам Акан Махмут и амбасадорот Јован Манасиевски.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3