Кошарка
Детроит ја прекина победничката серија на Лејкерс
Детроит пистонс ги победи Лос Анџелес лејкерс со 113:110 ноќеска на домашен терен во натпревар од регуларната сезона на НБА-лигата.
Најефикасен кошаркар на натпреварот беше Лука Дончиќ со 32 поена, но и тоа не беше доволно гостите да го избегнат поразот.
Детроит е во серија од четири победи и е прв во Источната конференција со 52 и 19 порази.
Лејкерси се трети во Западната конференција со ефект 46-26. Тимот од Лос Анџелес ја прекина својата серија од девет победи.
Лидер на табелата во Западната конференција е Оклахома сити со 57 победи и 15 порази.
март 24, 2026

