Connect with us

Фудбал

Симеоне: Требаше поинаку да се организираме во нападот

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ги објасни причините за поразот на тимот од Реал Мадрид со 3:2 синоќа во 29. коло од Ла Лига.

– Требаше подобро да ја контролираме играта и поинаку да го организираме нашиот напад. Тоа не се случи во клучен момент, изјави за „Марка“ Симеоне.

Реал играше со десет играчи од 77. минута па натаму по исклучувањето на Федерико Валверде.

Атлетико Мадрид, со 57 бода од 29 натпревари, е четврти на табелата во шпанското првенство. Реал Мадрид, со 69 бода, е втор.

Тимот на Симеоне ќе игра против Севиља на гостински терен во следната рунда

Маркетинг
Ad 4
Ad 4