Connect with us

Регион

РСЕ: Министерството за одбрана на Србија, ВМА и Воената академија биле цел на руски државни хакери

Траги од руската хакерска група „Фенси Бер“, што американските и британските државни институции ја поврзуваат со руската воено-разузнавачка служба ГРУ, се пронајдени во Министерството за одбрана на Србија, Воената академија и Воено-медицинската академија, објави денеска Радио Слободна Европа. Медиумот засега не добил одговор од МО на Србија.

Група меѓународно поврзани независни експерти за кибер безбедност „Crtl Alt Intel“ успеа кон средината на март, како што објавија, да пристапат до фолдери на серверот на руска хакерска група, според РСЕ.
На серверите, според податоците што ги споделиле, пронашле докази дека, меѓу другото, руски хакери собирале податоци од е-адреси од три српски државни институции.

Министерството за одбрана на Србија не одговори на барањето на РСЕ за коментар за сознанието дека податоците на институцијата се компромитирани.

Кибер нападот не бил пријавен кај Комесарот за информации од јавно значење и заштита на лични податоци, како што е предвидено со законите во Србија.

Во извештајот на организацијата „Crtl Alt Intel“, сепак, се наведува дека податоците што ги добиле покажуваат дека е можно да се идентификуваат шест различни е-сметки на Министерството за одбрана кои биле хакнати, и дека напаѓачите успеале да добијат заштита и за дополнителна потврда на апликацијата – таканаречена двостепена верификација.

Достапните податоци не се со датумски печат, па затоа не е можно да се утврди кога се случил првичниот напад.

„Ова можеби се случувало од октомври 2024 година. Постои можност овие е-адреси да се сè уште компромитирани и дека тие сè уште препраќаат е-пошта до адресите на „FancyBear“ денес“, изјави за РСЕ/РЛ Бен Фоланд, истражувач во организацијата „Ctrl Alt Intel“.

Кога станува збор за нападот врз српските државни институции, експертите од групата „Ctrl Alt Intel“ идентификуваа шест компромитирани е-адреси во самото Министерство за одбрана и по една од Воената академија и системите ВМА. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 2