Connect with us

Скопје

Потпишан договор за изградба на нова поликлиника во општина Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска го потпиша договорот за изградба на нова поликлиника на територијата на општината, информираат од локалната самоуправа.

Новата здравствена установа ќе биде изградена на локацијата на постојната стара амбуланта и ќе обезбеди проширени и современи здравствени услуги за жителите на општината.

Според планот, во објектот ќе функционираат пункт за итна медицинска помош, ноќна служба, РТГ кабинет со ехо, лабораторија и аптека.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2