Connect with us

Хроника

МВР: Кривични пријави за три угостителски објекти во Аеродром, служеле алкохол на малолетници

Во текот на продолжениот викенд 19/22.03.2026 полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје спроведоа зајакнати мерки и активности за санкционирање на непочитувањето на законите, пред се околу точењето на алкохол на малолетници.

Контролирани се 12 угостителски објекти на територија на Аеродром, а во три објекти затекнати се малолетници послужено со алкохолни пијалоци.

По документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави по член 204 од КЗ “точење алкохол на малолетници”.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1