Connect with us

Фудбал

Меси го надмина Пеле по број на голови од слободни удари

Фудбалерот на Интер Мајами и Аргентина, Лионел Меси, се искачи на второто место по број на постигнати голови од слободни удари во кариерата.

Триесет и осумгодишниот Аргентинец вчеравечер постигна гол од слободен удар во гостинскиот натпревар со Њујорк сити во регуларниот дел од МЛС-лигата.

Меси сега има 71 гол од слободни удари во кариерата. Овој резултат го става пред легендарниот Бразилец Пеле (70 голови од слободни удари). 

Рекордер е поранешниот бразилски репрезентативец Жунињо Пернамбукано со 77 голови од слободни удари.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2