Вести
Лек против епилепсија, чие производство е прекинато, за три недели ќе биде достапен на македонскиот пазар
Лекот Топирамат за лекување епилепсија, мигрена и главоболки е недостапен поради тоа што компанијата Белупо од Хрватска прекина со негово производство, изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
– Белупо, кој е единствениот, кој го има регистрирано лекот во Македонија, вети дека за три недели ќе биде достапен на македонскиот пазар, рече Клековски.
март 23, 2026

